Песков: Кремљ внимателно ја следи ситуацијата со обвинетите во Косово

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Кремљ многу внимателно ја следи ситуацијата со обвиненијата против Хашим Тачи и Кадри Весели, затоа што, како што истакна, тие по одлуката за покревање на обвиненијата откажале некои закажани состаноци и посети, пренесе Тасс.

Специјалното обвинителство на Косово вчера издаде обвинение против Хашим Тачи, Кадри Весели и неколкумина други лица за сторени злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи и убиства, присилно исчезнување на лица, прогон и тортура.

Тачи уште синоќа ја откажа посетата на Вашингтон, каде на 27 јуни требаше да се  оддржи средба од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Треба да знаете
Последни објави