Односите меѓу Москва и Вашингтон не напредуваа во ниту една област во последните години, со ретки исклучоци, а американските политичари не ја гледаат Русија како партнер, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на онлајн форумот „Примаков Ридингс”.
– За жал, ние во основа не можеме да именуваме ниту едно поле на билатерални односи и пристап на Москва и Вашингтон кон меѓународните прашања, со ретки исклучоци, каде што е постигнат јасен и видлив напредок во последните години, рече Рјабков.
Како што пренесува агенцијата ТАСС, рускиот дипломат вели дека тоа била единствената ситуација за време на подолг период на руско-американски или советско-американски односи.
Според него, во моментот американските власти ја гледаат Русија како политички проблем и не разгледуваат можност за партнерство со Москва, дури и на минимална агенда.
– За жал, нема сомнение дека Русија се смета за негативен фактор во американскиот домашен контекст, посочи Рјабков.