Граѓаните ја гледаат јасната разлика помеѓу одговорниот, државнички пристап на СДСМ и незрелиот, деструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и државата.
СДСМ носи решенија за долгогодишните проблеми и потреби, ВМРО-ДПНЕ нуди лажни вести и обнова на режимот.
Граѓните гледаат и знаат кој застана во борбата против коронавирусот, а кој застана зад лажните вести кој, креваше паники и кршеше здравствени мерки. Знаат кој во време на забрани шеташе по теретани и кафани, додека здравствените работници неуморно се борат со коронавирусот.
Јавноста е сведок кој носи антикризни мерки за помош на работниците и економијата, а кој по налог на Мицкоски блокира средства од 90 милиони евра од Светска банка. Јавноста гледа кој работи и се води од државни и народни, а кој од лични и партиски интереси.
Јасно е, СДСМ е посветен на интересите на државата и иднината, свртена кон индината, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на обнова на режимот, свртена кон темното и неизвесно минато.
Затоа, на 15 јули граѓаните ќе го казнат незрелото, неодговорно и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе изберат државата на продолжи на правиот, на вистинскиот пат.