Во овие 2,5 години успеавме да направиме историски исчекор да ја зголемиме најниската плата, да им помогнеме на оние кои најтешко живеат во државата за цели 58%, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата предводена од СДСМ „Можеме” во изборната единица 5, Радмила Шекеринска во Охрид.
Таа додаде дека порано ВМРО-ДПМНЕ не сакаше ни да дискутира за покачување на минималната плата, и ги плашеа луѓето, а сега почнаа да ветуваат повисоки плати и пензии.
Секој пат одбивани од ВМРО ДПМНЕ во истите 2,5 години успеавме да создадеме нови 60 000 работни места. Тоа е заради тоа што знаевме што сакаме и второ затоа што бевме спремни да ги помагаме компаниите а не да ги фрлиме сами да се снаоѓаат, нагласи Шекеринска, додавајќи дека единствено СДСМ се заложи за покачување на минималната и просечната плата.
Благодарение на покачувањето на платите сега од јануари секој месец исплаќаме повисока пензија, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.