Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска попладнево во Струга се сретна со граѓаните и ја претстави изборната програма на коалицијата предводена од СДСМ – „Можеме”
Притоа Шекеринска на граѓаните им подели маски и средства за дезинфекција и ги потсети на протоколите кои се најважни во овој период за да го сочуваме јавното здравје и да имаме 100% заштитени избори.
Таа во средбата со граѓаните посочи дека понудата на СДСМ на овие избори е понуда која носи план за успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, подготвивме мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина.