Ќерката на Том Круз ги пронашла писмата што тој ѝ ги напишал на нејзината мајка

Сури Круз, 14-годишната ќерка на актерите Том Круз и Кејти Хомес, не можела да ги задржи солзите кога ги нашла интимните писма на нејзиниот татко што ѝ ги напишал на нејзината мајка, пишува „Ентертеинмент тајмс“.

Адвокатот на Кејт ги чувал писмата по разводот затоа што мислел дека би можеле да бидат од корист еден ден. Кејти се согласила со идеја да ѝ ги покаже писмата на Сури кога ќе биде малку постара. Тој момент се чини дека дојде пред да планира.

Девојчето ги нашло писмата во куќата на баба и дедо, поточно во „временската капсула на Том“, односно во тајното скришно место каде што ги чувала нејзината мајка.

„Тоа беше емотивен момент и за Кејти и за Сури. Кејти планираше да ѝ покаже на Сури некои од писмата еден ден, но во преправена верзија. Таа не беше подготвена за многубројни прашања“, рече изворот.

„Кога ги прочита писмата, Сури повторно покажа интерес да се сретне со нејзиниот татко. Таа сака да знае повеќе за него. По разводот, тој не ја гледаше премногу“, додаде тој.

Том Круз е член на Скиентолошката црквата поради што од сопствени уверувања се дистанцираше од својата ќерка и од поранешната сопруга. Некои странски медиуми тврдат дека девојчето сака да го помине летото со нејзиниот татко и да посетува скиентолошки камп, но тоа не е потврдено.

Треба да знаете
Последни објави