Насилството врз полицијата нема да се толерира, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер откако во текот на ноќта во Лондон избувнаа немири во кои беа повредени 22 полицајци.
Портпаролот на Џонсон на новинарите им кажа дека сцените на местото на настанот биле ужасни и дека властите нема да толерираат насилство врз полицијата.
Британските медиуми пренесуваат дека, според него, секој кој ќе нападне полицаец или друг службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, ќе претрпи сериозни правни последици.
Немирите избувнаа синоќа, на југот на Лондон, на музички настан за кој надлежните не издадоа дозвола.
Учесниците одбија да соработуваат и се судрија со полицијата, која на местото се појави на повик на граѓаните.