Кога сите се понадеваа дека пандемијата со коронавирусот ќе биде ставена под контрола и опасниот невидлив „непријател“ ќе биде уништен во поширокиот регион на Балканот, но и во Европа, стигнуваат сериозни закани за втор удар. Целиот Балкан трепери пред новиот налет од коронавирусот. Покрај Македонија каде ситуацијата е најкритична бидејќи повеќе денови наназад се регистрирата трицифрени бројки на новозаразени, и се придружуваат и земјите од соседството.
Во Србија бројот на новинфицирани во дневните извештаи надминува по 100 лица, а ништо подобра не е сликата со рекордни заболени ни во Хрватска, БиХ… но и во сите други земји во регионот на Балканот.
Во Хрватска вчера се евидентирани 22 случаи со коронавирус, а веќе утрово бројката е 50 ! Веќе се регистирани 2.388 заразени лица, а сите очи се вперени кон Задар каде изминатиов викенд се одржуваше тенискиот турнир Адрија тур на кој неколкумина тенисери меѓу кои и првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ беа позитивни на тестирањата.
Во Загреб моментално се активни 79 случаи, а утрово се регистирирани 28 нови. Во самоизолација се испратени 591 лице.
Поради тоа од денеска повторно е воведено задолжително носење на заштитни маски во јавниот превоз, а сите лица кои пристигнуваат на нивните граници од БиХ, Србија и Македонија задолжително се испраќаат во 14 карантин.
И Белград е во слична ситуација. Заштитните маски се задолжителни во јавниот превоз.
Словенија бележи благ пораст на новозаразени лица од коронавирусот. Вчера беа потврдени седум случаи.
По неколкудневниот пораст на бројот на инфицирани лица со коронавирусот во Црна Гора, Словенија одлучи оваа земја ја сима од листата на безбедни земји.
Црна Гора беше последната земја во Европа која регистира заразени граѓани од коронавирусот, а бидејќи со денови немаш инфицирани меѓу првите прогласи и крај на пандемијата која сега им се враќа пак на сцената.Во последните денови регистирани се нови инфицирани лица. Вчера биле потврдени 11 позитивни и во земјата има вкупно активно заболени 65 луѓе.
И во БиХ дневните извештаи се загружувачки. Пред два дена имаше повеќе од 90 новоинфицирани, а вчера беа изброени 88 случаи. Едно лице е починато. Моментално активни во земјата има 1.200 лица.
Бугарија вчера ја продолжи вонредната состојба во земјата до 15 јули. Причина за ваквиот чекор на бугарските власти беа 128. новозаболени и еден смртен случај.
Во Романија не се смирува ситуацијата. И понатаму се регистираат троцифрени бројки на позитивни лица на коронавирусот. Вчера биле потврдени 300 лица, а умреле 16.
Унгарија засега ја држи ситуацијата под контрола. Бројот на регистирнаи новозаразени е едноцифрен, слично како и во Грција каде вчера биле регистрирани осум случаи.
Албанија има 67 новозаразени, а две лица починале.