Босна и Херцеговина го бележи рекордниот број на заразени од коронавирусот во еден ден од почетокот на пандемијата со вкупно 119 позитивни тестови. Од нив во Р. Српска евидентирани се 62, а во федерацијата БиХ 57 лица.
Најголем број на новозаразени од Ковид 19 во еден ден во БиХ беа евидентирани на 29 април кога позитивни на тестовите излегоа 94 лица.