Вардар и годинава останува без лиценца за евро-настап

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, скопски Вардар втора година по ред останува без лиценца за настап во Европа поради финансиските проблеми со кои се соочува подолг период. Вардар како лидер до прекинувањето на првенството требаше да го претставува мак-фудбалот во квалифиакциите за Лигата на шампионите, со што и ќе заработеше околу еден милион евра, пари кои во овои тешки денови за „црвено-црните“ ќе беа како светло во мрачниот тунел во кој се наоѓаат подолг период.

Веста кои екипи добиле лиценци за евро-настап ја соопштија од ФФМ.

-Одделот за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање на состаноците одржани на 3. јуни, 11. јуни и 16. јуни, како и Комисијата за жалби за лиценцирање на состанокот одржан на 18. јуни, а по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21, ги донесе следниве одлуки:

Комисиите донесоа одлука дека се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:

1.  ФК Академија Пандев АД – Струмица

2.  ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје

3.  ФК Работнички АД – Скопје

4.  ФК Ренова АД – с.Џепчиште

5.  ФК Силекс АД – Кратово

6.  ФК Шкендија АД – Тетово

7.  ФК Шкупи 1927 АД – Скопје

Комисиите донесоа одлука дека не се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:

1.  ФК Брегалница 2008 АД – Штип

2.  ФК Борец 1919 АД – Велес

3.  ФК Вардар АД – Скопје

4.  ФК Струга ТримЛум АД – Струга

Процесот за лиценцирање на клубовите од ЖМФЛ за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 сеуште е во тек.“, се вели во соопштението на ФФМ.

Треба да знаете
Последни објави