Вашингтон ја удвои наградата за апсење на новиот лидер на ИД

Властите во САД соопштија дека ја удвоиле наградата на 10 милиони американски долари за какви било информации што овозможуваат апсење на новиот лидер на ИД.

Амир Мохамед Саид Абдел Рахман ал-Маула го наследи основачот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, кој беше убиен кон крајот на октомври за време на американски напад во Сирија. Според Стејт департментот, тој бил одговорен за киднапирања, убиства и трговија со припадници на религиозното малцинство Јазиди во северозападен Ирак.

Во март, Вашингтон го вклучи новиот шеф на ИД на „црниот список” на „меѓународни терористи”.

Неколку западни разузнавачки служби успеаја да го идентификуваат Маула, кој е еден од главните идеолози на ИД, како вистински нов водач на џихадистичката група. Дел од аналитичари се сомневаат во неговото постоење, јавија западни медиуми.

Треба да знаете
Последни објави