Соопштение до јавноста – реакција на ФБ статус на Зоран Заев
Граѓаните не сакаат да живеат во хибриден режим – земја во каква што не претворија Зоран Заев и СДСМ. За првпат, во 30 години независност угледниот магазин Економист не стави во група со диктаторските режими.
Граѓаните не сакаат да живеат во земја каде нормално е директорот на ФЗОМ, да зема снопче кеш и да се слуша како вели дека има пас од Заев.
Граѓаните не сакаат да живеат во држава во која нормално е еден градоначалник да шверцува цигари, друг да тепа сограѓани, а трет да се заканува дека им ги слуша приватните разговори.
Граѓаните не сакаат да живеат во држава во која нормално е лиценци за возачки испитни центри да добиваат другарите на Заев и Спасовски.
Граѓаните не сакаат да живеат во држава во која нормално е камионите на Вице Заев да вртат во РЕК Битола, а другите кои ја работат истата работа да треба да платат рекет, а ако не платат да им се раскине договорот, за да влезат уште камиони на братот на Зоран Заев.
Граѓаните не сакаат да живеат во држава во која што лиценци за марихуана се штанцаат на ангро, а најчести добитници се луѓе од струмичко блиски до Заеви.
Граѓаните не сакаат да живеат во држава во која криминалот царува, рекет се зема за добро утро, сиромаштијата е се поприсутна затоа што владата утна во економијата.
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!