ДУИ: 72,5% од граѓаните ја поддржуваат идејата за премиер Албанец

Oд Демократската унија за интеграција информираат дека петицијата за нивната иницијатива „Јас верувам“ за избор на првиот премиер Албанец во Северна Македонија добила широка поддршка од албанските, но и другите гласачи.

„За само 24 часа петицијата е потпишана од повеќе од 5.000 лица кои силно ја поддржуваат иницијативата за избор на првиот премиер Албанец во Северна Македонија“, истакнуваат од партијата.

Од таму додаваат дека на страницата www.kryeministrishqiptar.mk граѓаните продолжуваат силно да јадаваат нивната поддршка.

-На последните анкети објавени денес, повеќе од 72,5% од граѓаните ја поддржуваат идејата за премиер Албанец, тврдат од партијата на Ахмети.

 

Треба да знаете
Последни објави