Статистичките податоци на NHS покажуваат дека околу 43% од машките донатори имале
крв доволно богата со антитела за да бидат вклучени во истражувањето, а за разлика од
нив, стапката кај жените изнесувала само 29 проценти.
Мажите создаваат повеќе Covid-19 антитела од жените и се подобри донатори на
конвалесцентна плазма, открива најновото британско истражување.
Лицата кои го победиле коронавирусот се повикани да даруваат крв, како дел од големото
истражување на NHS, кое ќе оцени дали може плазмата да им помогне на некои од најтешко
болните пациенти со Ковид-19.
-Третманот – првпат користен во пандемијата на шпански грип во 1918 година и исто така
даден за третман на САРС – функционира со употреба на течен дел од крвта, познат како
конвалесцентна плазма.
Статистичките податоци на NHS покажуваат дека околу 43% од машките донатори имале крв
доволно богата со антитела за да бидат вклучени во истражувањето. За разлика од нив,
стапката кај жените изнесувала само 29 проценти, а студиите покажуваат дека тие почесто го
избегнуваат сериозниот удар на болеста…
Преземено од pedijatar.mk