Неда Украден пред својот 70-ти роденден: Да, вљубена сум

На Неда Украден ѝ се ближи роденденот. Таа во август ќе наполни 70 години, но тоа не ѝ пречи да ужива во животот и да биде вљубена.

Неда гостуваше во хрватската емисија „Далибор Петко шоу” каде ѝ беше поставено прашањето дали е вљубена. Пејачката не се мислеше многу и рече „Да, вљубена сум, но другите детали ќе ги оставиме за нареден пат“. Но, со задоволство раскажа за старата љубов и на што сè била подготвена за истата.

–  Ма правев разни будалаштини и глупости. Човек цел живот ја посакува таа голема љубов, а подоцна излегува дека тоа и не е баш така. Јас поради човекот што го сакав се изнапатував. Ние се наоѓавме на аеродроми во Франкфурт, Чикаго, Штутгарт, Загреб… Поминував илјадници километри и имав чувство дека стаклото пред нас се топи. И кога времето помина, видов дека тоа е балон во мојата фантазија. Но, додека траеше, беше убаво, рече Неда.

Потоа Украден се осврна и на нејзиниот брак со починатиот режисер Милан Билбија, со кого ја има ќерката Јелена.

– Нему многу му пречеше мојата популарност и сметаше дека тоа влијае врз нашиот брак и дека куќата треба да ми е приоритет, а не турнеите. Секогаш се вели дека зад успешен маж стои жена, но, ете, можете да видите дека зад успешна жена претежно стои еден пропаднат брак.

Преземено од vecer.press

Треба да знаете
Последни објави