Прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ за Боки 13

Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред  Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев?!

Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина?! За преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат пред Јавен обвинител да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите!

Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава.

Почитувани,

Ова е директна закана за убиство. Ова е кривично дело и ги повикуваме институциите веднаш да реагираат.

Го повикуваме ЈО веднаш да постапи согласно своите надлежности и да ги открие заканувачите.

Зошто и покрај ваквите закани по неговиот живот и животот на неговиот адвокат продолжувањето на исказот на Боки 13 е закажан за 03.07.2020 година, а не во разумен рок.

Зошто се остава толкав простор помеѓу првиот и вториот исказ и дали со тоа не се остава простор за можно влијание врз Боки 13 и неговиот втор исказ?!

Животот на Боки 13, единствениот човек кој што беше главен извршител во случајот Рекет,  кој само пред неколку дена од суд кажа каде завршиле парите од истиот тој рекет е загрозен, а со тоа се загрозува и целата постапка, но и е ставена во опасност вистината.

Ова е грдата слика за мафијашкото милје во Република Македонија на чие чело се наоѓа врхушката на власт.

На криминалот мора да му се стави крај.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе со криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Треба да знаете
Последни објави