Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, денеска изјави дека Кремљ многу внимателно ја следи ситуацијата со обвиненијата против Хашим Тачи и Кадри Весели, затоа што, како што истакна, тие по одлуката за покревање на обвиненијата откажале некои закажани состаноци и посети, пренесе Тасс.
Специјалното обвинителство на Косово вчера издаде обвинение против Хашим Тачи, Кадри Весели и неколкумина други лица за сторени злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи и убиства, присилно исчезнување на лица, прогон и тортура.