По одлуката на Комисијата за лиценцирање во ФФМ да не му издаде дозвола на најторфејниот македонски фудбалски клуб Вардар да игра на евро-сцената, најмногу се израдва босанскиот првак Сараево, чиј капитен е македонскиот повремен репрезентативец Крсте Велкоски. Со неиграњето на Вардар кој според коефициентот требаше да биде носител во првото квалификациско коло, сега тоа место ќе го пополни Сараево, пишуваат медиумите во Босна и Херцеговина.
Тоа значи дека Сараево ќе добие полесен противник во оваа квалифиакциска рунда и ќе има поголеми шанси да избори пласман во наредното коло, а тоа ќе му донесе и многу повеќе пари во неговата клупска каса.
Вардар втора година по ред не добива евро-лиценца поради финасиските проблеми со неподмирени долгови кон фудбалерите, стручниот штаб и вработените во клупската администрација.
Македонија ќе добие свој претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, но речиси сигурно нема да биде носител во жрепката за двојките во квалифиакциите.