Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко. Поуката која треба да ја извлечеме е дека се додека не се пронајде вакцина за Ковид-19 треба да се придржуваме на мерките. Вирусот нема брзо да си замине, тој коси животи,рече советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче.
-Одговорот на државата беше силен и навремен. Импресионирам сум од лекарите, медицинскиот персонал. Конкретно, заштитните мерки почнаа уште пред да се појави првиот случај на Ковид-19 во Македонија – рече Скано.
Агилниот одговор со пренамена на медицинските институции обезбеди доволно места за згрижување на болните, а мерките спречија ширење на болеста во старечките домови, што беше огромен проблем во други земји, смета тој.
Севрна Македонија до неодамна беше еден од најдобрите примери за справување со болести, додава Скано.
– Препорачуваме до Владата да се тестира, да се следи и изолира. Сите кои се болни треба да се самоизолираат, вели Скано.
Тој препорача ова да го менаџираат и локалните власти, а да се спречи групирање на луѓе.
– Секој поединец има обврска да помогне да се најдат сите позитивни случаи. Треба да миеме раце, да носиме маски и да одржуваме растојание. рече Скано.
Пред него, министерот за здравство Венко Филипче рече дека во моментов нашата земја е соочена со бран посилен од првиот, како последица на попуштање на рестриктивните мерки, но пред се на прослави, организирани семејсни веселби, групирања, не користење на затитни мерки, маски, дезинфекција.