Филипче: Земјава е соочена со посилен бран на Ковид-19 од првиот поради непочитувањето на мерките

Нашата земја е соочена со посилен бран од првиот поради низата непочитувања на мерките за заштита од страна на граѓаните, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Му благодарам на д-р Фабио Скано од Светската здравствена организација што ја прифати поканата за посета на нашата земја која е во борба против пандемијата Ковид-19. Во изминатите неколку дена имавме интензивни разговори за доктор Скано. Разговаравме за досегашното искуство, мерките и следните чекори за справување со епидемијата. СЗО е наш голем партнер, а нивниот претставник во земјава ни дава голема поддршка. Освен препораките и донациите кои ги добиваме од СЗО, добиваме и пофални зборови за активностите на нашиот медицински персонал. Уште кога кон крајот на јануари СзО прогласи вонредна состојба ја изнтзивиравме оваа наша комуникација и го подигнавме нивото на будност на повисоко ниво. Воведувавме димензионирани мерки да го заштитиме здравјето на граѓаните. Во моментов нашата земја е соочена со бран на вирусот посилен од првиот, но повеќе како последица на непочитување на мерките. Многупати уптаувавпорака дека во моментов единствениот начин да се заштитиме е да се почитуваат мерките. Нашиот здравствен ситем е целосно прилагоден, секојдневно ја следиме состојбата на болничките капацитетит и правиме прилагодување и ротации на здравствените работници. Она што е најважно е поддршката на граѓаните. Ако ова го имаме брзо ќе ја надминеме оваа состојба.Сега е поважно од било кога сите да дадеме придонес во спречување на ширење на вирусот“, кажа Филипче.

 

Треба да знаете
Последни објави