Според гласовите на повеќе од 60.000 читатели на списанието „Класик рок“, песната „I Believe In A Thing Called Love“ на групата „Даркнес“ е избрана за најдобра рок-песна на 21 век.
На второто место се најде песната „Rock N Roll Train“ од Еј-си / Ди-си, а на третото „Blackbird“ од рок-бендот „Алтер бриџ“.
„Даркнес“ ги објави резултатите од анкетата на својот профил на „Твитер“ и им се заблагодари на сите што гласаа.
Песната е снимена во 2001 година, а на врвот на топ-листите се појави дури во 2003 година.
Интересно е што пејачот Џастин Хокинс бил гол додека ја снимал песната.
„Бев гол во студиото. Сакав да видам дали тоа ќе помогне, затоа што се мачев со вокалот, а подоцна го сторив тоа за да му биде непријатно на Ед Греам (тапанарот). Потоаа стана традиција. Можеби само се глупирав, ама тоа е дел од мојата работа“.



