Унгарија не успеа да ги исполни своите обврски според законот на ЕУ во постапките за азил и враќање на илегални мигранти, изјави денес советникот на Европскиот суд за правда.
Европската комисија ја тужеше Унгарија, тврдејќи дека нелегално ги задржувала барателите на меѓународна заштита во транзитни зони и нелегално ги вратила странските државјани кои биле нелегално во земјата.
Независниот адвокат на Европскиот суд, Прит Пикамае, во необврзувачко мислење напиша дека судот треба да го поддржи барањето на Комисијата за декларација дека унгарското судство го крши европското право по ова прашање.
Судиите на ЕУ, чии пресуди мора да ги почитуваат европските членки, генерално го почитуваат мислењето на независниот адвокат и донесуваат одлуки по два до четири месеци.