Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на сопствено барање, утрово веќе би требало да дава исказ во основното јавно обвинителство кај обвинителката Вилма Рускоска, објави „Канал 5“.
Според информациите од неговиот адвокат, исказот е на негово барање. Боки 13,тврди дека има несоборливи докази за вмешаност во сериозни криминали на дел од политичката елита на власта.
-Основниот суд достави писмено известување до Основното јавно обвинителство Скопје дека осуденото лице побарало и дека Судот ќе му даде дозвола да дојде во ОЈО Скопје за да даде исказ, велат за МИА од Јавното обвинителство.
Јовановски минатата недела за случајот „Рекет” беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби казна затвор од седум години.
Тој за случајот „Рекет“ беше осуден минатата недела на девет години затвор заедно со поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа доби доби казна затвор од седум години.