ВМРО-Народна партија со внимание ја проследи одлуката на Владата за изедначување на акцизата за екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото.
Сите сме свесни дека со овој чекор ќе се намали потрошувачката на екстра лесното гориво особено за загревање со што се очекува и намалување на загадувањето, но со ваквата одлука пак се удира по бизнис секторот каде што многу приватни компании и инвеститори вложиле во системи за греење кои користат токму екстра лесно гориво.
ВМРО-Народна партија ја повикува Владата да отвори компензационен фонд кој ќе компензира и врши поврат на средства на сите кои инвестирале во индустриските процеси особено во системите за загревање на екстра лесно гориво.