Дортмунд и официјално се пофали со Тома Муние

Борусија (Дортмунд) и официјално го објави трансферот на Тома Муние. Десниот бек пристигнува на „Сигнал Идуна Парк” како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува на крајот на месецот, а Белгиецот одби да го продолжи и да остане за натпреварите во Лигата на шампионите. Договорот на 28-годишниот Муние со Борусија е за четири сезони.

Интересно е што раководството на Борусија продолжува да тврди дека во исто време ќе се обиде да го задржи Ашраф Хакими, кој веќе две сезони играше на позајмица кај „жолто-црните” од Реал Мадрид.

– За мене е голема чест да го објавам договорот со Борусија. Ново поглавје се отвора за нас – за вас и за мене. Која чест е да го носам „жолто црниот” дрес, напиша Муниер на Твитер.

Борусија го игра фудбалот што ми се допаѓа – возбудлив, автентичен и природен, посочи тој.

– Клубот е познат по своите ентузијастички навивачи. Атмосферата за време на натпрев

Треба да знаете
Последни објави