Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се обрати на граѓанскиот собир во Охрид, заедно со носителката на пратеничката листа во Изборна Единица 5, Радмила Шекеринска и Лазе Танески, еден од кандидатите од Охрид.
Покрај брегот на Охридското Езеро, претседателот Заев порача „Охрид е нашето богатство и нашата гордост и верувам дека сите ќе опстоиме да ги вратиме природните убавини согласно критериумите на УНЕСКО. Јас верувам дека Законот и овде ќе важи еднакво за сите без разлика кој е приврзаник на СДСМ, ВМРО или воопшто не го интересираат партии. Затоа што Охрид, драги Охриѓани е ваш нај повеќе, но и наш на струмичани, на скопјани и на кумановци и на тетовци и на цела наша Македонија.”
Осврнувајќи се на сработеното во изминатите две и пол години во Охрид, претседателот Заев истакна „Денес покажуваме дека сме поинакви. 1 милијарда е поддршката кон компаниите и тоа директно со програмите за финансиска поддршка на инвестиции поврзани со работни места. Да отвораат работни места за Охрид и охридскиот регион. Дополнително, 1 милијарда е помошта сега со пакетот од 14.500 денари поддршка за минимална плата.”
„Една милијарда е директната помош само кон Охрид, Проаква и колекторот. 500 милиони денари ја раздолживме општината, следни 500 милиони денари се преземањето на долгот од Проаква изградбата на колекторот. 1 милијарда шајки се тоа во Охрид за сметка на ниту еден денар за 11 години за Охрид на оние другите,” додаде Заев.
На трибината се обрати и д-р Лина Стефановска, независен граѓанин, стоматолог која како млад професионалец одлучи да остане да живее и да работи во својот роден Охрид. Таа ја потенцираше важноста да се биде одговорен и претпазлив во време на здравствена пандемија. Во исто време им оддаде почит на медицинските работници, и министерот Филипче за сите напори и жртви кои ги даваат овој период.
„Од овде, од нашиот Охрид од каде што потекнува и актуелниот министер за здравство Венко Филипче Ве молам за аплауз со благодарност до него и до сите мои колеги ширум земјава. Тие беа и се нашите херои,” порача д-р Стефановска.
На крајот, претседателот Заев порача, на 15 јули, на изборите кои ќе бидат 100% безбедни по здравјето, граѓаните ќе изберат светла иднина со заокружување на бројот 3 за победничките листи на СДСМ и коалицијата „Можеме” и да ја испратат во минатото обновата на режимот што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ.