ВМРО-ДПМНЕ стои зад секое свое ветување. Имаме програма и знаење како да ја обновиме Македонија и да ја вратиме на вистинскиот пат.
Време е да ја исправиме Македонија.
Земјоделието за ВМРО-ДПМНЕ секогаш било едно од најважните сектори во македонската економија.
Ветуваме зголемување на субвенцијата за традиционалните сточарски гранки, како овчарството за 50%, од сегашните 1000 на 1500 денари по грло добиток.
Ветуваме повеќе пари за инвестирање во земјоделието, ќе обезбедиме неповратни средства од над 50% за модернизација и набавка на механизација и опрема за примарно производство, подигнување и реконструкција на повеќе годишни овошни насади, набавка на добиток од основно стадо, како и мини млекарници, мали винарски визби и мини погони за преработка на месо.
За да имаат пристоен живот од својот труд земјоделците во тек на 4 години мандат на ВМРО-ДПМНЕ ќе им бидат исплатени 684 милиони евра за субвенции.
Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува 20 милиони евра инвестиции годишно во нови водостопански проекти, односно 80 милиони евра за 4 годишен мандат.
Дополнително за земјоделците на располагање ќе биде Кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи со обезбеден буџет од 20 милиони евра.
СДСМ покажа дека единствено можат повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!