Приштина во овој момент е голем фактор за несигурност на Балканот, порача поранешниот преставник на ЕУ за Косово, Волфган Петриќ по објавениот предлог од Специјалниот суд за злосторствата на УЧК да се покрене обвинение за претседателот Хашим Тачи и други косовски политичари.
Австрискиот дипломат Петриќ смета дека покренатото обвинение за Тачи се наѕирало уште по извешатјот на Дик Марти во Советот на Европа. Затоа според него сега оваа постапка сите мораат сериозно да ја прифатат, а Тачи по примерот на поранешниот премиер Рамуш Харадинај ќе мора да си поднесе оставка и да се отвори патот за нови избори.
Косово неодамна доби Влада поддржана од партијата на Тачи, но според поранешниот висок претставник на меѓународната заедница и во БиХ, австрискиот дипломат Петриќ, изборите на Косово се неизбежни, бидејќи според него разрешениот премиер Албин Курти ужива се поголема доверба кај народот.