Денеска сум во посета на Куманово. Досега имав неколку средби, со кумановчани разговаравме за нивните проблеми. Разговаравме за она што навистина сакаа да го слушнат, разговаравме из а она што ни се случува последните децении тука во Куманово. Постојано се ветува од политичарите дека ќе се направат многу работи, но како што знаете СДСМ тука владее многу долго. Нема капитални инвестиции, на ова место позади мене требаше да има десетици странски инвестиции, бидејќи сите ветуваа голема индустриска зона, изјави потпретседателот и носител на Изборната единица 2 Владо Мисјаловски при посета на индустриската зона Речица во општина Куманово.
Мисајловски нагласи дека на граѓаните на општина Куманово им се потребни проекти и странски инвестиции за поголеми примања а не само сува реторикакако што тоа го правеше СДСМ изминатиот период.
Јас кога бев министер за транспорт овде се започна една постапка и се обезбедија средства за индустриска зона да се испроектира бидејќи без тоа не може. Но , гледам дека ништо од после тоа не е направено. Ако сакаме граѓаните на Куманово да останат тука во Куманово да работата и да имаат добри примања нас ни се потребни странски инвестиции, а не само сува реторика. СДСМ тоа постојано го прави, со нивните ветувања дека ќе направат живот за сите дека навистина ќе има многу проекти, но реалноста е сосема друга. Реалноста е ова позади мене што го гледате, реалноста е дека нема странска инвестиција, рече Мисајловски.
Куманово е најголем град после Скопје каде што нема доволно инфраструктура, каде што нема доволно проекти, нема доволно работни места. Затоа ВМРО-ДПМНЕ тргна на терен да разговара со граѓаните со позитивна кампања преку нашата програма Обнова за Македонија секој еден граѓанин да се пронајде, вели носителот на изборна единица 2 Мисајловски.