На Неда Украден ѝ се ближи роденденот. Таа во август ќе наполни 70 години, но тоа не ѝ пречи да ужива во животот и да биде вљубена.
Неда гостуваше во хрватската емисија „Далибор Петко шоу” каде ѝ беше поставено прашањето дали е вљубена. Пејачката не се мислеше многу и рече „Да, вљубена сум, но другите детали ќе ги оставиме за нареден пат“. Но, со задоволство раскажа за старата љубов и на што сè била подготвена за истата.
– Ма правев разни будалаштини и глупости. Човек цел живот ја посакува таа голема љубов, а подоцна излегува дека тоа и не е баш така. Јас поради човекот што го сакав се изнапатував. Ние се наоѓавме на аеродроми во Франкфурт, Чикаго, Штутгарт, Загреб… Поминував илјадници километри и имав чувство дека стаклото пред нас се топи. И кога времето помина, видов дека тоа е балон во мојата фантазија. Но, додека траеше, беше убаво, рече Неда.
Потоа Украден се осврна и на нејзиниот брак со починатиот режисер Милан Билбија, со кого ја има ќерката Јелена.
– Нему многу му пречеше мојата популарност и сметаше дека тоа влијае врз нашиот брак и дека куќата треба да ми е приоритет, а не турнеите. Секогаш се вели дека зад успешен маж стои жена, но, ете, можете да видите дека зад успешна жена претежно стои еден пропаднат брак.
Преземено од vecer.press