Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 Александар Николоски на денешната средба со граѓаните во општина Гевгелија истакна дека планот на ВМРО-ДПМНЕ е развој и заштита на клучните столбови на државата.
Нашиот план е развој и заштита на клучните столбови на државата. Првиот е заштита на македонските национални интереси, вториот е силен економски развој затоа што без силен економски развој не можат да се заштита и македонските национални интереси. Третиот е изградба на функционално владеење на правото односно на функционална правна држава и силна борба со организираниот криминал и корупција. Четвртиот столб на кој што ќе бидеме посветен е подобрување на условите во образованието, и петтиот столба на кој што ќе бидеме посветени е подобрување на условите во здравството , како и социјалната грижа, вели Николоски.
Николоски посочи дека Обновата на Македонија, ќе донесе повисоки плати, пензии, субвенции за земјоделците, но и намалување на невработеноста и даноците на рекордно ниско ниво.
Нашиот план е за 4 години невработеноста да падне под 10 проценти, платите да пораснат за најмалку 25 проценти, пензиите да растат помеѓу 25 и 50 проценти во зависност од пензијата, да се зголемат субвенциите во земјоделието, како и да се намалат даноците на рекордно ниско ниво од само 8 проценти рамен данок, за персонален данок и данок на профит, рече Николоски.
Пред присутните Николоски истакна дека во наредниот период предвидено е во Гевгелија туризмот да порасне за најмалку 25 проценти, како и стимулирање на младите за отворање на свои бизниси, силно инвестирање во туризмот, но и во земјоделието.
Во Гевгелија во следниот период очекуваме да доживее процут, пред се во она што се вика прекугранична соработка, во моментот градот е на 5 место по број на туристи со некаде 50.000 туристи годишно и планираме таа бројка да порасне најмалку за 25 проценти, како и да се зголеми опсегот на услуги кои што се даваат тука во градот, да не се сведуваат само игри на среќа и на здравствени услуги, туку да може да се зголемат и во значаен дел на други сектори. Силно да се стимулираат младите да отвораат свои бизниси, пред се тука мислам на компании од информатичката од ИТ технологијата кои што можат да дадат дополнителен развој и на градот и на целиот регион, како и силно инвестирање во промоцијата на туризмот, но и на земјоделието за околните места тука околу Гевгелија, изјави Николоски.