Денес во локалниот клуб на Граѓанско Демократска Унија-Охрид се одржа
работна средба на која присутни беа членовите на Републичкиот изборен
штаб на партијата, генералниот секретар Димче Петкоски кој е воедно и
шеф на РИШ и Даниел Јорданоски, носител на ИЕ-5.
На средбата се разговараше за активностите кои се извршуваат за време на
изборната кампања. Даниел Јорданоски, изјави дека граѓаните немаат
повеќе време за чекање.
– Мора да се направат радикални промени кои ќе бидат за доброто на сите
граѓани во Охрид и вклучително цела Изборна единица-5. Време е за фер и
демократски избори, и време е да им се покаже на граѓаните дека
навистина ПОИНАКУ Е ПОДОБРО, истакна Јорданоски.