Ние од почетокот на оваа епидемија па и од почетокот на оваа кампања покажавме дека ни се важни изборите но поважни ни се граѓаните и нивното здравје. Денес во Охрид го имаме првиот ваков настан во ИЕ 5, неслучајно почнуваме во Охрид и неслучајно голем дел од кампањата ќе бидеме тука, бидејќи на многу теми кои што ни се важни како луѓе, како партија како кандидати во Охрид можете да ги видите контрастите на дело. Можете да видите што говориме и како работиме можете да видите што говорат и како не работат оние другите. Со изминативе 2,5 години..за 2,5 години покажавме дека можат да не критикуваат, можат да не плукаат, можат да ја лажат јавноста но не можат да избегаат од фактот дека сме луѓе, партија и влада која решава проблеми, која не бега од нив, која не бара оправдување.“