„Дикси чикс“ го сменија името, зборот Дикси е избришан

Женското кантри-трио „Дикси чикс“ во четвртокот го смени своето име во „Чикс“, најнов потег во американската поп култура на откажување било каква поврзаност со расистичкото минато на нацијата, објави „Ројтерс“.

„Се соживуваме со моментот“, напиша групата на својата веб-страница, без дополнително објаснување.

Зборот дикси (Dixie) асоцира на државите од југот на Америка каде ропството било легално. Тие се отцепиле од Унијата, попозната како Север, и се бореле како Конфедеративни членки на Америка (Југ) за време на граѓанската војна.

Овој месец, кантри-бендот Лејди Антебелум го смени своето име во Лејди А, исто така заради асоцирање на ерата на ропство.

Треба да знаете
Последни објави