Објавена листата на 138 имиња кои одбиле да примат решение за самоизолација

Објавени се имињата на 138 лица кои по разни основи не примиле решение за изолација, проблем со кој се соочува Државниот санитарен и здравствен инспекторат во текот на пандемијата. Според списокот, најбројни се жители на Скопје, односно, 104 од нив одбиле да примат решение, оставајќи погрешна или лажна адреса. Потоа, следува Штип со 28 жители и Гостивар со четири жители. Сите се објавени во дневниот печат после повеќе обиди да им биде доставено решението изготвено од инспекторатот.

Сепак, бројот на лица кои не примиле решение за задолжителна изолација е намален. Пред една недела, министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека 450 решенија не се поделени, а сега, објавени се само 138. Ова значи дека за седум дена, поделени се 312 решенија.

Филипче претходно потенцираше дека јавната објава на лица кои не седат во самоизолација е единствено решение за системот да се справи со овие граѓани, со оглед дека тие се огромен ризик ако се асимтоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе.

За дел од граѓаните, имаше обид да им се достават решенијата и преку пошта, но неуспешно.

Треба да знаете
Последни објави