(Фото) Меган и Хари волонтирале во пекарница

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) откако отстапија од кралските должности се занимаваат со разни активности. „Дејли мејл“ пишува дека тие сега волонтирале во една пекарница во Лос Анџелес.

Нивната идеја произлегла откако сфатиле дека можат да заработат милион фунти ако соработуваат со елитната агенција со која се во контакт и Барак (58) и Мишел (56) Обама.

– Меган и Хари планираат да зборуваат за социјалните прашања, вклучувајќи ја и расната правда, родовата еднаквост, животната средина и менталното здравје. Изненаден сум што претходно тоа не го направиле. Ова ќе им биде еден од најголемите извори на заработувачка. Ова е нивна прв чекор во кариерата откако го напуштија кралското семејство – изјавил британскиот агент за односи со јавност Марк Борковски (61) за странските медиуми.

Двојката сподели фотографии од пекарницата. Тие помогнаа во подготовката на храна за работниците и дознаа повеќе за самата програма на организацијата. А, на инстаграм-профилот на пекарницата, вработените им се заблагодарија.

https://www.instagram.com/p/CB022BWJH_E/

Треба да знаете
Последни објави