Австралија продолжува да ги укинува мерките иако се појавуваат нови жаришта на коронавирус

Австралија ќе се придржува кон планот за понатамошно олеснување на мерките за борба против епидемијата на коронавирус, и покрај зголемувањето на бројот на заразени во најнаселената држава Викторија, рече премиерот Скот Морисон.

„Заразата ќе продолжи да избувнува, но важно е да продолжиме да ја зајакнуваме нашата способност за решавање на овие жаришта“, им рече Морисон на новинарите на брифингот во главниот град Канбера.

Австралија има распоредено амбуланти и мобилни центри за тестирање низ државата Викторија, откако повторно се зголеми бројот на заразени со коронавирус

Треба да знаете
Последни објави