Битката со коронавирусот ја загуби претседателот на РК Преспа

Претседателот на ракометниот клуб Преспа, Илче Котевски почина од коронавирус на 41-годишна возраст, објави клубот од Ресен.

Котевски беше спортист, прв човек на РК Преспа, а во Ресен сите имаат убави зборови за него и сега се погодени од трагичната вест.

Котески беше хоспитализиран во градската болница 8 –ми Септември во Скопје, а за него во изминативе денови имаше јавен апел за да се донира крвна плазма со цел да се индицира терапијата и за да се спаси неговиот живот, а пред неколку дена докторот Мирослав Бошковски донираше крвна плазма, но сето тоа на крај за жал не помогнало за да се спаси животот на младиот ресенчанец и голем спортист.

 

Треба да знаете
Последни објави