Канадската авиокомпанија „Вест џет“ ќе отпушти повеќе од 3.000 вработени низ целата земја, како резултат на уништувачкиот ефект на пандемијата на Ковид-19.
Извршниот директор Ед Симс преку видеопорака ги најави големите организациски промени на оваа компанија, со седиште во Калгари. Преструктурирањето ќе доведе до губење на 3.333 постојани работни места, вклучително и 430 позиции во контакт-центрите, како и 2.300 вработени во аеродромите.
Покрај тоа, 600 вработени во „Вест џет“, како и неговата нискобуџетна подружница „Своп“, ќе ги загубат работните места. Симс рече: „Реалноста во која се наоѓаме бара тешки и често пати болни одлуки, со цел да се обезбеди нашата постојана одржливост во иднина“.
Пред пандемијата, овој гигант од Канада имаше 14.000 вработени и леташе на повеќе од 100 дестинации во 24 земји. Сега има 10.000 вработени.