(Видео) Еден мртов и шестмина повредени во напад со нож во Глазгов

Напаѓач во шкотски Глазгов во петокот со нож ранил шест лица пред да го застрела полицијата, а еден полицаец е тешко ранет, пренесуваат британските медиуми.

Инцидентот се случил во хотел во центарот на Глазгов попладнето.

Властите сѐ уште не го објавија идентитетот на напаѓачот и неговите мотиви, но полицијата не го поврзува нападот со тероризам.

Извор од владата изјавил во телевизијата BBC дека во нападот се убиени три лица, вклучително и напаѓачот. Фунцкионер на шкотската полиција, рекол дека состојбата е под контрола, како и дека повеќе нема опасност по јавноста.

Напаѓачот кого „го застралаа полицијаците е мртов“, соопшти полицијата и извести дека во врска со инцидентот трага по други лица.

Сведок во хотелот рекол дека сцената на нападот „имаше многу крв“. „Бев во својата соба и слушнав гласен врисок од долниот кат. Се загрижив и отидов да проверам што се случува. Кога го отворив лифтот беше целиот крвав“.

https://youtu.be/NogoGDNZTRU?t=6

Во хотелот на улицата „Вест Џорџ“ биле сместени мигранти коишто чекаат за утврдување на новниот статус на бегалци. Според сведоците, меѓу настраданите има и доселеници од Африка.

Во меѓувреме шкотската премиерка Никола Старџен ѝ се заблагодари на полицијата за ефикасното дејствување во многу сериозна ситуација, и апелираше до жителите во соседството на настанот да не шират непотврдени информации.

„Сакам да ја повикам јавноста да ги следи извештаите на шкотската полиција и да не шири непотврдени информации. Оваа е сериозен инцидент и не ни е потребна ситуација да биде влошена со ширење на шпекулациите за тоа што се случило“, истакна Старџен во соопштението.

Британскиот премиер Борис Џонсон, пак, изјави дека „длабоко е натажен од ужасниот инцидент во Глазгов“.

Минатата седмица во паркот во јужниот англиски град Рединг напаѓач со нож уби три лица. Полицијата објави дека тој инцидент се истражува како терористички чин.

Треба да знаете
Последни објави