Навивачите на Ливерпул не можеа да оддолеат и да не излезат на улица да ја прослават првата шампионска титула после цели 30 години и покрај сите препораки и мерки од медицинските лица, од полицијата па дури и од тренерот на „Редси“, Јирген Клоп.
На крајот од своето обраќање преку видео повик за Скај Спортс, Јирген Клоп побара од навивачите: -Се надевам дека сите ќе останете дома или ќе стоите на терасите. Ве молам не повеќе. И славете, зошто се е во срцето и во главата. Сега ние сите сме заедно. Да се победува поради вас е право задоволство, рече Клоп.