Инфекција со коронавирус е потврдена кај 140 лица во Босна и Херцеговина во последните 24 часа.
Во Федерацијата БиХ тестирани биле 853 примероци, од кои 87 биле позитивни. Во Република Српска, заболеле 53 лица.
Досега во БиХ направени се 51.668 тестирања, а коронавирусот е потврден кај 1.819 лица.
До денеска се опоравиле 1.022 пациенти, а во моментов се активни 745 случаи.
Забележани се и 52 смртни случаи.
Кога станува збор за кантоните од каде доаѓаат новите случаи, портлот „Кликс“ известува дека тоа се Тузла, Зеничко-добојски кантон, Среднобосански кантон, Херцеговско-неретвански, Западна Херцеговина и Сараево.