Десетици илјади Британци ги окупираа плажите на Дорсет – не се почитуваат мерките за дистанца

Десетици илјади Британци, и покрај антикорона мерките и барањата на владата, ги окупираа плажите во Бурнмот и другите делови на брегот на Дорсет и никој не ја почитувал физичката дистанца, јавуваат британските медиуми.

Локалните власти изјавуваат дека биле принудени итно да реагираат поради метежот на плажите, сообраќајниот метеж и насилството.

„Многу луѓе избраа да бидат неодговорни и опасни. Направивме таков напредок во борбата со оваа пандемија и не би сакал да видам дека Бурнмот станува место од каде започна вториот бран”, изјави пратеникот Тобијас Елвуд за „Гардијан“.

Тој побара од министерот за внатрешни работи да обезбеди дополнителни сили на тоа место, доколку се појави потреба.

Шефицата на локалната полиција, Сем де Реј, изјави дека луѓето треба да ги избегнуваат плажите, со оглед на ситуацијата.

„Јасно е дека сè уште сме во јавна здравствена криза и толку голем број луѓе во мала област дополнително ги оптоваруваат ресурсите на службите за итни случаи“, рече таа за Би-би-си.

Треба да знаете
Последни објави