За Берош вирусот мутира и слабее, а за стручњаците нема такви научни докази

Се поголем е бројот на новинфицирани од коронавирусот последниве денови, но помала е бројка на лицата кои имаат тешка здравствена состојба како последица од вирусот, или пак поминувата без било какви симптоми смета министерот за здравје во Хрватска, Вили Берош.

На предизборен митинг во Далмација, Берош испратил порака дека според новите бројки и информации од стручната литература може да се констатира дека вирусот мутира и дека во однос на неговото појавување на почетокот од годинава занчително е  со послабо дејство.

-Истаржување покажа дека 92 одсто од новите случаи на возраст под 60 години немат никакви симптоми, што ме прави позадоволен, но и тоа индирекно докажува дека вирусот мутирал – изјавил Берош, што предизвикало бран реакцији од стучните лица кои ја следат ситуацијата со пандемијата.

Додека јавноста е во исчекување да слушне оти коронавирусот кој повторно зема замав во регионот и не е така опасен по нивното здравје, стручњаците предупредуваат дека за такво нешто нема научни докази.

До сега беше докажано дека вирусот во текот на еден месец има од две до четири мутирања, но многу брзо се појавија нови контра аргументи дека станува збор за неутрални преобразби.

 

 

Треба да знаете
Последни објави