На листата со позитивни случаи во редовите на старо-новиот српски фудбалски шампион Црвена звезда се зголеми со директорот Звездан Терзиќ.
Претходно во Црвена звезда беа регистрирани пет фудбалери кои имаа позитивен тест на коронавирусот.
-Позитивен сум на коронавирусот. Резултатот го добив по вчерашното тестирање. Во саботата пред прославата на титулата се тестирав и бев негативен. Но, изминатите два дена имав покачена телесна темепература и новиот тест покажа дека имам коронавирус. Во моментов сум дома, се чувствувам подобро, немам температура и се надевам дека за неколку дена се ќе биде во ред – соопшти Терзиќ.