Ливерпул го играше секој натпревар како да им беше последен и затоа стигна до титулата со огромна предност

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Пеп Гвардиола смета дека страста со која Ливерпул ги одигра сите свои натпревари оваа сезона, ја одредува големата разлика помеѓу двата тима во пласманот. „Граѓаните” загубија со 1:2 од Челзи и ја звршија битката за одбрана на титулата. Тоа беше осми пораз на тимот кој ја бранеше шампионската титула од почетокот на првенството.

Тимот од Мерсисајд имаат само еден пораз од почетокот на сезоната и во моментов имаат предност од 23 поени пред Манчестер сити. Двете екипи се соочуваат едни со други на 1 јули на „Етихад”.

– Можеби не ја започнавме сезоната со иста страст. Ливерпул го одигра секој натпревар како да беше последен. Веројатно го промашивме тој момент, особено во првиот дел од сезоната. Тоа е вистинската причина поради која заостануваме толку. Ливерпул беше фантастичен во однос на упорноста во текот на целата сезона. На почетокот на кампањата изгубивме поени, а Ливерпул не. Треба да се опоравиме за следната сезона и да бидеме поконзистентни. Ова е реалност, пред две години бевме 25 бода предност пред Ливерпул и сега тие се на иста далечина пред нас. Не можеме да заборавиме дека освоивме две последователни титули, што е неверојатен успех за клубот”, вели Пеп.

Тој посочи дека клубот има освоено осум трофеи од последните 10 натпреварувања во кои учествува. Ова никогаш не се случило досега во Англија.

Треба да знаете
Последни објави