Ливерпул и неговите навивачи конечно по три децении чекање слават шампионска титула во Англиската фудбалска премиерига. Ова задоволство на седум кола пред крајот на сезоната која принудно беше прекината од март поради пандемијата со короваирусот, им го овозможи токму актуелниот првак Манчестер сити кој синоќа во мечот од 31. коло го загуби дербито со Челзи (2:1) и теоретски се прости од шампионскиот трофеј. Ливерпул има недостижни 23 бода предност (86 бода) на седум кола пред крајот пред Манчестер сити (63 бода).
Прославата на „Енфилд“ на која се чекаше триесет години доаѓа само 365 дена по триумфот на Лицерпул во Лигата на шампионите, каде во финалето лани во Мадрид го совлада англискиот ривал Тотенхем.
За овој голем успех на „црвените“ најголемата заслуга му се препишува на германскиот стратег Јирген Клоп кој пристигна во англискиот фудбал на 8 октомври 2015 година. Раководството на Ливерпул имаше трпение и го остави германскиот стартег да го создаде тимот за респект, кој денеска е препознатлив со својоит стил на игра. Поранешниот стратег на бундеслигашите Борусија Дортмунд и Мајнц склопи „машинерија“ која сезонава буквално во премиерлигашката конкуренција мелеше се пред себе.
Последен стартег под чие водство Ливерпул и се радуваше на англиската титула беше легендарниот Кени Даглиш, кој имаше и втор обид со враѓањето на „Енфилд“ во 2011 година, но безуспешна. На жешката клупа на „Енфилд“ за да го донесат трофејот се редеа: Рони Моран како в.д, потоа Грем Сунес, Рој Еванс, Жерар Улие, Рафа Бенитес, Рој Хоџсон и Брендан Роџерс.