Насер Зибери: Јас претендирам да бидам раководител на идната Влада за поперспективна земја

Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери денеска имаше неколку средби со жителите на Тетово. Тој во центарот на градот се сретна со новинарите од каде ја испрати пораката дека 15  јули, иако како секој изборен циклус е важен за земјата, има одредена специфичност.

-Тоа е дека за прв пат во земјата покрај двете перманентни структури и алтернативи се наметнува една трета опција која се обидува да го скрши црно-белиот свет кој досега им се нуди на граѓаните. Затоа ми беше неразбирлива острината со која се спротиставија на идејата да може да им се понуди на граѓаните еден можен кандидат за премиер Албанец.

Зибери рече дека од Тетово праќа порака за дијалог кон политичките противници

-Нивните аргументи со кои се спротиставуваат на оваа идеја да седнеме пред јавноста да ги аргументираме. Да седнеме пред јавноста и да ги убедиме граѓаните со своите сугестии, алтернативи и визии како сакаме да ја градиме оваа земја во иднина. Јас не сакам и нема да бидам премиер само на Албанците. Јас претендирам да бидам раководител на идната Владата која ќе придонесе оваа земја да ја направиме поперспективна, поевропска, земја во која секој ќе се чувствува комотен како во својата куќа, истакна Зибери.

Треба да знаете
Последни објави