Раководството на НБА-лигата и Здружението на играчи (НБПА) постигнаа договор со кој ќе се овозможи сезоната на 30 јули да продолжи во кампусот „Дизни ворлд“ во близина на Орландо, Флорида.
До прекинот на сезонава (2019/2020) во Источната конференција лидер беше Милвоки Бакс (53 победи, 12 порази), а на Западот на врвот беше Лос Анџелес Лејкерс (49-14).
НБА лигата потврди дека 16 кошаркари добиле позитивни резултати од последната фаза тестирања во текот на оваа недела. Најсилната лига на светот започна со задолжително тестирање овој вторник. Тоа ќе биде случајот се до 11 јули, кога се очекува екипите да пристигнат во Орландо. Планот е на Флорида да се прават двојно повеќе тестови, на секои 36 или 48 часа, со цел да се зголеми безбедноста во пресрет на натпреварите.