Николоски: Зелената мафија ќе добие удар на 15 јули на ист начин на кој што ќе добие и Зоран Заев

Слушам дека кило крастивици стигнаа на пет денари, на пет денари… Тоа е трагедијата која што ја слушам секаде онаму каде што поминувам овие денови. За некој да заработи сто евра или шест илјади денари колку треба да продаде? 1200 килограми… 1200 килограми да ги кренете само и да ги ставите во кеса и од кеса да ги ставите во камион е мачна работа, а камоли да ги одгледате и да ги обработите. Кромидот стигнал на десет денари. Колку треба за сто евра да се заработат? 600 килограми. Знае ли некој како изгледаат како изгледаат тие 600 килограми, како изгледа таа мака од оние кои што ги носат одлуките. Не знаат! Затоа што се во сојуз со зелената мафија која што ја уценува маката и трудот на земјоделците.

Тоа е вистината за зелената мафија која што е во соработка со оваа власт на Зоран Заев. Тоа е вистината за зелената мафија која дели пола-пола со брат му Вице Заев. Но таа зелена мафија ќе добие удар на исти начин на кој што ќе добие и Зоран Заев и неговата криминална клика удар после 15ти јули затоа што Македонија е потоната во криминал и затоа што на тој криминал ќе ставиме крај одлучно и директно, како што заслужуваат сите оние кои се занимаваат со чесна работа. Тоа е нашето основно и примерно ветување!

https://www.facebook.com/NikoloskiA/videos/1499853136861568/?t=3

 

Треба да знаете
Последни објави